Серена Вилијамс доби понуда од тенис да премине во борење

Најтрофејната тенисерка во историјата, Серена Вилијамс има можност да влезе во светот на професионалното борење откако доби отворена покана од американската боречка федерација да влезе во светот на овој спорт. Една од ѕвездите на WWE, женската верзија на популарните „кечери“ и директорка на организацијата, Стефани Мекмахон вели дкеа Серена би придонела за „популаризација на спортот“.

„Серена само со нејзината појава прави шоу и затоа треба да и дадеме шанса кај нас“ – изјави Мекмахон.

Вилијамс е пред крајот на тениската кариера, има 37 години, рекордни 23 грен-слем титули и 72 ВТА трофеи. Нејзините планови сепак се врзани со мајчинството, пред две години роди ќерка и најави второ дете многу набрзо.

Неодамна во WWE влезе поранешната УФЦ шампионка, Ронда Роузи, и значително ја зголеми популарноста на борењето.

Се вчитува...