Серена Вилијамс е бремена

Американската тенисерка Серена Вилијамс, која во својата кариера освои 23 гранслем трофеи, објави дека е во блажена состојба. Таа е во 20. седмица од својата бременост, а денеска тоа за првпат го сподели со своите фанови. Серена не игра тенис од јануари, кога ја освои титулата на Австралија опен, победувајќи ја во финалето својата сестра Венус со 6-4, 6-4, а во јавноста беше обелоденето дека паузира поради повреда на коленото.

Сепак, вистината е сосема поинаква, Серена Вилијамс го очекува своето прво дете со свршеникот Алексис Оханиан, еден од основачите на „Редит“. Со оглед дека Серена Вилијамс во септември ќе наполни 36 години, таа можеби и комплетно ќе се повлече од активното играње тенис и ќе ја заврши кариерата, посветувајќи се на мајчинството.

Се вчитува...