Серена Вилијамс најбогата спортистка трета година по ред

Американската тенисерка, Серена Вилијамс, ја предводи листата на најбогатите спортистки во светот и за 2018 година, според магазинот „Форбс“. Вилијамс е на врвот на оваа листа во последните три години.

Освојувачката на 23 гранслем титули која во март се врати на теренот по едногодишната пауза по породувањето, годинава заработила 18.1 милиони долари од кои само 62.000 се од наградните фондови на тениските турнири, а се друго е од спонзорските договори.

На второто место на листата на најбогати спортистки во светот е победничката на Австралија Опен, Каролина Вознијацки со 13 милиони долари, а трета е ланската шампионка на УС Опен, Слоун Стивенс со 11.2 милиони долари.

Меѓу првите десет најбогати спортистки најбројни (осум) се тенисерките. Доминацијата на тенисерките ја разбиваат индиската натпреварувачка во бадминтон, Пусарла Синдху која е на седмото место со 8.5 милиони долари и Даника Патрик од автомобилизам на деветото место со годишна заработувачка од 7.5 милиони долари.

Топ 10 најбогати спортистки за 2019 година:

  1. Серена Вилијамс (САД, тенис) – 18.1 милиони долари
  2. Каролин Вознијацки (Данска, тенис) – 13
  3. Слоун Стивенс (САД, тенис) – 11.2
  4. Габрине Мугуруса (Шпанија, тенис) – 11
  5. Марија Шарапова (Русија, тенис) – 10.5
  6. Венус Вилијамс (САД, тенис) – 10.2
  7. Пусарла Синдху (Индија, бадминтон) – 8.5
  8. Симона Халеп (Романија, тенис) – 7.7
  9. Даника Патрик (САД, автомобилизам) – 7.5
  10. Анжелик Кербер (Германија, тенис) – 7

Се вчитува...