Серена Вилијамс – од „бебешки чекори“ до поштенското сандаче кон огромен скок во финалето на Вимблдон

Серена Вилијамс очекувала „бебешки чекорчиња“ при враќањето на тенисот, но по пласманот во финалето на Вимблдон се надева на огромен чекор кон неверојатен успех. Поранешната тенисерка број еден во светот за рекордната 24. гранслем титула утре ќе се бори против Анжелик Кербер. И покрај тоа што Вимблдон и е само четврти турнир по паузата, таа беше главна фаворитка за освојување на трофејот, кој за неа би бил осми во кариерата од лондонскиот турнир.

„Не е тајна дека многу тешко се породив. Во еден период престанав и да бројам колку операции ми направија. Имаше денови кога едвај одев до поштенското сандаче пред куќата. Затоа беше чудно кога луѓето велеа дека сум фаворитка. Во последните 16 месеци имам само 4 турнири. Сепак интересно е да се слушне и прочита тоа“ – вели Серена во пресерет на финалето со Кербер.

36-годишната Вилијамс во Лондон дојде како 181. тенисерка во светот, а доби 25-ти ранкинг. Победата против Џулија Гергес вчера и беше прв успех против тенисерка од топ 50 на овој тунир, но Серена покажа доволно сила, желба и цврстина со кои ги одговори сите прашања околу нејзината моментална форма.

Се вчитува...