Серена Вилијамс преку Канепи во четвртфиналето на УС Опен

Американската тенисерка Серена Вилијамс успеа да се пласира меѓу осумте најдобри на гренслем турнирот УС Опен. Таа во осминафиналната рунда беше подобра од Естонката Каја Канепи со 2-1 во сетови.

Вилијамс, која е 17.носителка на турнирот, го доби првиот сет експресно, со 6-0 во гемови, но потоа следеше значителен пад во нејзината игра. Неизнудените грешки придонесоа таа да го загуби вториот сет со 6-3 во гемови. Во третиот и решавачки сет повторно заигра многу подобро и на крајот го комплетираше мечот со 6-3 во гемови.

Серена во четвртфиналето на УС Опен ќе се сретне со осмата носителка Каролина Плишкова, која во оваа рунда славеше над Австралијката Ешли Барти со 2-0 во сетови (6-4, 6-4).

Се вчитува...