Серена Вилијамс преку сонародничка до осминафинале на Ролан Гарос

Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во осминафиналето од Ролан Гарос откако славеше против сонародничката Даниел Колинс со 2-0 (6-4, 6-4) и закажа борба за четвртфинале против Казахстанката Елена Рибакина.

Освојувачката на 23 Гренд слем титула не блирираше во мечот против Колинс, но одигра доволно добро во клучните моменти за да забележа триумф.

Се вчитува...