Серена Вилијамс се поблиску до кам-бек на тениските терени

Долго време се шпекулираше, а сега е се поизвесно дека Серена Вилијамс повторно ќе игра професионален тенис.

Ништо не е сигурно засега, но 44-годишната Серена можеше да се врати на тенисот уште на 22 февруари, бидејќи тогаш заврши суспензијата поради одбивање на допинг тест.

Секако, потребни се посебни покани, а Квинс и Вимблдон и тоа како се отворени за тоа.

„Реков дека едно од моите најголеми жалења е што немав шанса да играм против неа. Ако гласините се точни ќе ми биде голема чест. Мислам дека би било одлично за спортот да се врати легенда“, рече Коко Гоф.

Се вчитува...