Серена Вилијамс не успеа да го финишира својот премиерен меч на Вимблдон откако американската ветеранка заработи незгодна повреда и уште во првиот сет (при 3-3) мораше да го предаде својот дуел против Саснович.
Американката е седумкратна шампионка на Вимблдон во кариерата и се надеваше дека годинава би можела да стигне и до осмата круна, но проблемите со повредата беа пресериозни за таа да може да го одигра првиот меч во Лондон. Серена се обиде да игра со болка, но откако стана јасно дека тоа е невозможно, реши да се повлече, честитајќи и го пласманот во следната рунда на противничката.
Нејзината повозрасна сестра Венус Вилијамс го доби својот меч од првата рунда против Бузурнеску од Романија со 2-1 во сетови, а о идентичен резултат славеше и првата носителка Ешли Барти, која за противничка ја имаше ветеранката Суарез Наваро.
We’re heartbroken for you, Serena.
Our seven-time singles champion is forced to retire from The Championships 2021 through injury#Wimbledon pic.twitter.com/vpcW1UN78s
— Wimbledon (@Wimbledon) June 29, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА