Серена заборави дека веќе не е број 1 е во женскиот тенис (видео)

Серена Вилијамс по голема битка денеска ја совлада Симона Халеп, а дуелот на двете врвни тенисерки имаше и интересна увертира откако Серена излезе прва на теренот, откако спикерот во салата ја најавуваше Халеп како најдобро рангирана светска тенисерка.

Американката прва излезе низ тунелот, за само момент подоцна да ја увиди грешката и да се врати назад. Очигледно некој треба да ја потсети Серена дека веќе не е број 1 во женскиот тенис, иако со играта што ја прикажува само прашање на време е кога таа повторно ќе се врати на врвот на ВТА-листата…

Погледнете како изгледаше излегувањето на терен на Серена Вилијамс пред мечот со Халеп.

 

 

Се вчитува...