Серена загуби сет, но успеа да обезбеди трето коло на Ролан Гарос

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Американката, Серена Вилијамс потешко од очекуваното се пласираше во третото коло на вториот гранд-слем во сезоната, Ролан Гарос.

Серена во второто коло по голема борба беше подобра од Романката, Михаела Бузарнеску со 2-1, по сетови 6-3, 5-7 и 6-1. Во следната рунда Серена ќе се сретне со сонародничката Даниеле Колинс која денеска со 2-0 (6-0 и 6-2) беше подобра од Русинката, Калинина.

Се вчитува...