Сергеј Горбок се враќа во Вардар

По две години поминати во ПИК Сегед, рускиот интернационалец Сергеј Горбок (35) од следната сезона се враќа во Вардар. Горбок тоа го потврди во изјавата за порталот 24ракомет.мк. Рускиот бек поради повреда не настапи за ПИК Сегед на денешниот натпревар против Вардар, но престојот во Скопје беше искористен за официјализирање на договорот за неговото враќање во „црвено-црниот“ дрес.

„Да, точно е. Јас мислам дека денеска тоа ќе биде официјално објавено. Јас сум задоволен што се враќам дома“ – изјави Горбок.

Поранешниот ракометар на Рајн Некар Левен и на Чеховски медведи,  настапуваше за Вардар во периодот од 2014 до 2016 година кога замина во ПИК Сегед. По две сезони тој реши повторно да се врати во Скопје.

Се вчитува...