Серхио Агуеро тешко повреден во сообраќајна несреќа (ФОТО)

Најголемата ѕвезда на Манчестер сити и еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Серхио Агуеро е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила во Холандија.

Според пишувањата на аргентинските медиуми, Агуеро бил на концерт на колумбискиот пејач Малум, по што со такси возило се упатил кон аеродромот од каде патувал за Манчестер. Сепак, на пат кон аеродромот доживеал тешка сообраќајна несреќа по што, со скршени ребра и внатрешно крварење, е пренесен во болница.

Холандската полиција за домашните медиуми информираше дека животот на Агуеро бил спасен само поради тоа што бил врзан за совозачкото седиште. Автомбилот кој го пренесувал со голема брзина удрил во столб покрај патот.

Според првичната информација, тој дефинитивно нема да може да се врати на фудбалските терени до крајот на годината, а потоа по деталните анализи ќе се знае кога ќе може повторно да заигра за Манчестер сити.

Се вчитува...