Серхио Љуљ останува „крал“ до 2024! (ВИДЕО)

Еден од најдобрите шпански кошаркари Серхио Љуљ и во следните две сезони ќе го носи дресот на Реал Мадрид откако капитенот на „кралевите“ денеска ја официјализираше соработката до 2024 година.

Искусниот бек за прв пат го облече дресот на Реал Мадрид во 2007 година и оттгоаш се наметна како незаменлив дел од клубот со кој освои седум шампионски титили во Ендеса, шест титули во Купот на Шпанија и две евролигашки титули.

„Има деца кои сонуваат да играат во НБА, јас сонував да играм за Реал Мадрид и тоа го исполнив“, изјави легендарниот кошаркар.

Се вчитува...