Серхио Перез во преговори со Мекларен

Серхио Перез е еден од четворицата возачи што се споменуваат како потенцијални кандидати за местото на Карлос Саинц во тимот на Мекларен. Иако претходно Мексиканецот изрази желба да продолжи во тимот на Форс Индија, според британските медиуми тој сега преговара за враќање во Мекларен.

Од британскиот тим одбиваат да коментираат за овие шпекулации и за варијантите што ги имаат за следната сезона. Но, во јавноста со Мекларен веќе се врзуваат имињата на Перез,  Вандорн, Естебан Окон и на тинејџерот Ландо Норис.

Меѓу нив, засега најголеми шанси му се даваат на Перез кој и претходно беше дел од тимот. Мекларен го ангажира Перез како замена за Луис Хамилтон во 2013 година. Мексиканецот тогаш имаше разочарувачка сезона и во тимот остана само една година. Но, потоа во Форс Индија, ги покажа своите вистински квалитети, напредуваше во развојот и заврши на седмото место во ланскиот Ф1 шампионат.

Се вчитува...