Серхио Рамос лут на судијата: Ова е скандалозно, зошто постои ВАР!?

Во Мадрид се шокирани од поразот на Реал од Сосиедад (0-2), но и од судењето на Хозе Луир Мануеро Монтеро. Во таборот на Реал издвојуваат дека главниот судија придонел сериозно за поразот на нивниот тим поради очигледно недосудениот пенал во 65. минута при 0-1 за гостите.

Снимките покажаа дека голманот на Сосиедад го собори реаловиот фудбалер но главниот судија, изненадувачки, не сакаше ниту да слушне да се консултира со ВАР системот.

Поради сето тоа лутината не можеше да ја сокрие ниту капитенот на Реал, Серхио Рамос…

„Ова е скандалозно, мораше да досуди пенал. Ситуацијата беше чиста, а тој уште ја има и помошта на технологијата. Сега бараме правда по прегледувањето на снимките. Како може дополнително да ги казнуваат фудбалерите по прегледани снимки, така може и судиите. Сакаме да се бориме за титулата, но со вакви ситуации тоа едноставно не може“ – вели Рамос.

И шпанските медиуми се прашуваа зошто постои ВАР системот ако тој не се користи.

Реал Мадрид, по синоќешниот пораз, е дури петти на табелата со 10 бода помалку од водечката Барселона.

Се вчитува...