Серхио Рико се појави на стадионот во Париз и доби овации (ВИДЕО)

Шпанскиот голман Серхио Рико, присуствуваше на стадионот „Паркот на Принцовите“ на дуелот ПСЖ – Њукасл, првпат после несреќата по која беше тешко повреден.

Рико во мај доживеа оштетување на мозокот, откако падна на коњ и доби удар во главата. Тој беше опериран и помина 82 дена во болница.

Рико излезе на теренот и ги поздрави навивачите, а тие му возвратија со овации.

Се вчитува...