Серхио Родригез се врати во Реал Мадрид

Искусниот шпански кошаркар Серхио Родригез по шест години се врати во Реал Мадрид. Шпанскиот ас потпиша едногодишен договор со најтрофејниот европски клуб што значи дека повторно ќе игра заедно со своите добри пријатели Серхио Љуљ и Руди Фернандез.

Родригез го напушти „кралскиот клуб“ во 2016 година кога замина во Филаделфија, а по само една сезона во НБА се врати во Европа во дресот на ЦСКА Москва каде играше до 2019 година. Последните три години беше дел од италијанска Олимпија Милано.

 

Се вчитува...