Серхио Ромеро одлучи, кариерата ја продолжува во Ла Лига

После цели шест години, сега веќе поранешниот голман на Манчестер Јунајтед Серхио Ромеро го напушти клубот „Олд Трафорд“. Како слободен играч тој ќе се приклучи на екипата на Гранада. Преговорите веќе се во финална фаза и се очекува набрзо да биде официјализирана меѓусебната соработка.

Ромеро никогаш не дојде до улогата прв голман во англискиот гигант. И кога беше прв избор тоа беше во Лига Европа, додека Де Геа беше главен во Премиер лигата. Сега кога Дин Хендерсон покажа квалитет, дури ја стави под знак прашалник и голманската позицијка на Де Геа, па стана јасно дека за Ромеро нема место. Солскјер за трет голман веќе го врати Том Хилтон.

Во минатата сезона Ромеро не запиша ниту еден настап, а последен пат на голот беше во сезоната 2019/2020.

Се вчитува...