Серија А: Дербито не се одлага, ќе се игра вечерва

Челниците на Серија А доцна синоќа се јавија со соопштение, јасно ставајќи до знаење дека нема да го одложат дербито Јувентус – Наполи без оглед на најавите дека гостите нема да допатуваат во Торино.

Серија А потврдува дека натпреварот од третото коло меѓу Јувентус и Наполи се уште е планиран да се игра на 4 октомври во 20.45 часот“, објави лигата.

Јувентус синоќа објави дека фудбалерите на „црно-белите“ ќе излезат на терен, но мали се шансите дербито да се игра бидејќи Наполи нема дозвола за патување од локалните власти, кои стравуваат од ширење на коронавирусот во ситуација кога во претходните 24 часа позитивни беа двајца фудбалери на „наполитанците“, Пјотр Зиелински и нашиот Елиф Елмас.

Пропозициите налагаат екипите да мора да играат натпревар доколку имаат 13 здрави фудбалери, во спротивно мечот ќе го загубат службено, но во нив никаде не е наведена варијанта доколку станува збор за забрана за патување од локалните власти.

Се вчитува...