СЕРИЈА „А“: Јувентус од пенал освои бод на „Џузепе Меаца“ против Интер (ВИДЕО)

Тврд и неизвесен натпрева одиграа Интер и Јувентус во дербито на Италија денеска на „Џузепе Меаца“. На крај секому по бод, завршувајќи 1:1.

Интер поведе во првиот дел преку Џеко со 1:0. Босанецот ја смести одбиената топка од стативата, по ударот на Брозовиќ.

Јувентус тешко ги составуваше редовите и тешко доаѓаше до шанса. Но, влегувањето на Киеза и на Дибала во вториот дел малку како да ја „размрдаа“ играта, па така Дибала со гол од пенал во 87. минута донесе еден бод за тимот на Алегри од ова гостување кај првакот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...