Серијата на Арсенал продолжи и против Лестер

Арсенал ја запиша десеттата победа во серија во сите натпреварувања на кои има вкупно 30 гола по триумфот над Лестер од 3-1 во завршниот дуел од деветтото коло во Премиер-лигата. „Топчиите“ иако беа во негатива, успеаја со комплетен пресврт да стигнат до заслужен триумф.

Лестер поведе со автоголот на Белерин во 31.минута, но Месут Озил израмни пред самиот крај на првиот дел.

Во второто полувреме, тимот на Унаи Емери славеше со двата гола на Пјер – Емерик Обамејанг, во 63. и во 66.минута од средбата.

Лестер не успеа да победи и на 28. првенствено гостување кај Арсенал, последниот триумф датира од 1973 година.

Се вчитува...