Сериозна повреда на Бехар Фета, без него против Грузија во квалификациите за ЕП

Македонскиот младински репрезентативец Бехар Фета, член на словенечки Марибор, заработи сериозна повреда на стапалото поради која ќе мора да отсуствува од терените во следните недели.

Како што информираат словенечките медиуми, 20-годишниот крилен офанзивец има повреда која ниту најмалку не е наивна, поради што деновиве ќе следата детални лекарски анализи. Но, согласно најавите, Фета го очекува пауза од најмалку еден месец.

Бехар Фета најверојатно, токму поради тоа, нема да може да биде на располагање и за младата репрезентација на Македонија за ноемврискиот квалификациски дуел против Грузија кој се игра на 16. ноември во Скопје.

Фета во Марибор пристигна ова лето од редовите на Воска Спорт, досега настапувајќи на шест натпревари за словенечкиот прволигаш.

Се вчитува...