Сервас: Карачиќ назад во Вардар… тоа е смешно

Шансите за камбек на Игор Карачиќ во Вардар од ден на ден се повеќе се сведуваат на теорија, „црвено-црните“ разгледуваат други опции за бековската позиција, а и челниците на Киелце јасно ставаат до знаење дека немаат намера да се разделат од хрватскиот ас. Кампањата за спас на полскиот гигант засега дава солидни резултати, претседателот Бертус Сервас е оптимист дека сите финансиски проблеми ќе бидат решени, а со самото тоа ќе останат и клучните играчи во тимот.

Голем број на поранешни ракометари на Киелце ми се јавија за да ми дадат поддршка. А што се однесува до актуелните играчи, немам зборови за да го опишам нивниот професионализам. Можеби многу од нив можеа и да си заминат, но она што сега го читам за Душебајев, Каралек или Карачиќ, тоа се бајки. Овие играчи ми се лојални на мене, лојални на Киелце. Читам дека Карачиќ ќе се врател назад во Вардар и само се смеам. Игор останува кај нас“, дециден е Сервас.

Во меѓувреме, претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, во изјава за ЕКИПА обелодени дека планот на „црвено-црните“ е во блиска иднина да потпишат уште еден бек, при што дилемата е меѓу Миха Зарабец од Кил и Ловро Јотиќ, поранешниот ас на Работник кој би можел да го раскине договорот со Бенфика и да се врати во мак-ракометот.

Се вчитува...