Сержињо: Да го победиме Вардар како подарок за добредојде на новиот тренер

Вардар и Шкупи во пресметка во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига денеска од 15:30 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

По катастрофалниот старт на сезоната чаирчани го променија тренерот па сега на чело со Турчинот Хајат Сојдаш, кој ќе дебитира на клупата на Шкупи, атакуваат на триумф против „вардарци“. Сето тоа, како што нагласуваат од Шкупи, во желбата конечно овој нов тим да ги оправда летните инвестиции…

„Не очекува многу важен меч против Вардар. Мислам дека сите фудбалери во тимот знаеме колку е важен овој натпревар за нас и затоа сакаме да го завршиме со победа. Сакаме и да стигнеме до триумф како добредојде за новиот тренер со кого изминатиов период, за време на паузата, одлично работевме. Нашата желба е секако да се избориме за европски излез и во следната сезона. А, за тоа ќе ни требаат победи“ – вели бразилскиот офанзивец во редовите на Шкупи, Сержињо.

Дуелот меѓу Вардар и Шкупи на „Борис Трајковски“ ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица.

ПМФЛ – 5. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА

Битола: ПОБЕДА – РЕНОВА

Турново: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...