Сержињо ќе дебитира за Шкупи против Шкендија

Шкупи за претстојниот дерби-дуел со шампионот Шкендија ќе биде посилен за Бразилецот Сержињо, кој конечно ја комплетираше документацијата по трансферот од редовите на Работнички во текот на летото. Сержињо ланската сезона ја мина на позајмица во албанскиот прволигаш Скендербег, па во меѓувреме се создадоа проблеми за добивање на сертификатот за негов настап во македонското првенство.

Серџо Антонио де Луиз Жуниор настапуваше за Шкупи на контролните натпревари под водство на Зекирија Рамадани, но стратегот на Шкупи не можеше да смета на неговите услуги на првите три средби од новата сезона, во кои скопскиот клуб освои само два бода. Рамадани во меѓувреме доби отказ, па сега новиот стратег ќе може да смета на Бразилецот почнувајќи од дуелот со Шкендија, што ќе се игра на 1 септември на стадионот во Чаир.

Се вчитува...