Сестрата на Кјелини се нафрли на Бонучи: Срамота, само парите ти се во главата!

Леонардо Бонучи одлучи ова лето да го напушти Јувентус и да се пресели во редовите на големиот ривал Милан. Откако и дефинитивно стана јасно дека дефанзивецот ќе потпише за Милан, се огласи и сестрата на досегашниот негов соиграчи од Јувентус, Џорџо Кјелини.

Силвија Кјелини го нападна Бонучи истакнувајќи дека го издал црно-белиот дрес, на сметка на парите кои единствено му се важни во животот…

„Сите го гледаа како нов капитен на тимот. Мислеа дека ќе биде симбол на новиот Јувентус, но парите секогаш победуваат. Немам зборови, срамота“ – напиша Силвија.

Бонучи денеска го комплетира трансферот во Милан, за нешто повеќе од 40 милиони евра.

Се вчитува...