Сетиен: Да не се лажеме, немаме пари и за Нејмар и за Лаутаро

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, ги разочара навивачите на каталонскиот гигант обелоденувајќи дека ќе мора да се бира меѓу еден од двајцата врвни голгетери кои се поврзани со преселба на „Камп Ноу“ во текот на летниот преоден рок. Нејмар повторно е актуелен со враќањето во Барса, додека Меси инсистира на доведување на Лаутаро Мартинез од Интер, но проблем е што двајцата врвни напаѓачи вкупно би чинеле над 250 милионие евра.

„Немаме илузија, не треба да се лажеме дека ќе можеме да ги потпишеме и Лаутаро Мартинез и Нејмар. Пред нас е тешка економска криза, која ќе ја ограничи можноста за маневар на пазарот“, истакна стратегот на Барса.

Лаутаро Мартинез би можел да пристигне за сума под 100 милиони евра, додека ПСЖ не сака ни да помисли на отштета пониска од 150 милиони евра за Нејмар. „Светците“ во меѓувреме му понудија и нов мегадоговор на бразилскиот генијалец, па по ваквата изјава на Сетиен многу пореално е да се очекува Нејмар да остане на „Паркот на Принцовите“, а Барса погледите целосно да ги насочи кон асот на Интер.

Се вчитува...