Комисијата на ФИФА одобри промена на правилата на натпреварите по паузата поради коронавирусот, овозможувајќи им на тренерите по пет замени на секој натпревар. Целта е јасна – да се спречи премореност кај играчите и да се намали ризикот од повреди, но стратегот на Барселона, Кике Сетиен, воопшто не е задоволен од ова ново правило верувајќи дека од него ќе профитираат ривалите на каталонскиот гигант.
„Мислам дека ова правило ќе и нанесе многу повеќе штета на Барселона отколку што ќе имаме корист од него. Голем дел од натпреварите ќе се решаваат во завршницата, кога вообичаено го користиме заморот кај противниците. Сега другите екипи ќе имаат можност да внесат повеќе свежи играчи на теренот“, се пожали Сетиен.
Барселона моментно е лидер во Ла Лига со два бода предност пред Реал Мадрид. Сезоната во шпанското првенство ќе продолжи на 11 јуни со градското дерби меѓу Севилја и Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА