Севернокорејските ракети закана за Олимпијадата во Пјонгчанг

Организаторите на Зимските Олимписки Игри во Јужна Кореја на десет седмици пред отворањето се сериозно загрижени поради најновото лансирање на ракетите од Северна Кореја.

Еден од членовите на Организацискиот одбор ја потврди загриженоста поради фактот дека заострувањето на ситуацијата со Северна Кореја, може значително да ја намали посетеноста и интересот на посетителите за зимската Олимпијада.

Уште од стартот кога беа пуштени во продажба влезниците, организаторите се соочува со проблем поради малиот интерес и бројните откажувања. Организаторите сега потврдуваат дека интересот се зголемува со наближувањето на стартот на Игрите, но, повторно се јавува проблем поради провокативните ракетни тестирања од Северна Кореја.

Се смета дека наједноставен начин да се намали загриженоста е потврда дека спортистите од Северна Кореја ќе учествуваат на ЗОИ во Пјонгчанг, но засега се уште е неизвесно дали властите во соседната земја ќе го дозволат тоа.

Се вчитува...