Севилја ги надигра „ѓаволите“ за ново финале во Лигата на Европа

Шпанскиот претставник Севилја ќе игра во ново финале од Лигата на Европа, откако вечерва во полуфиналната пресметка во Келн го совлада Манчестер Јунајтед со 2-1. Тоа е шесто финале во ова натпреварување за петкратниот победник Севилја, четврто откако го има називот Лига на Европа.

Тимот на Хулен Лопетеги ги искористи сите грешки во одбраната, но и слабата реализација во нападот на Манчестер Јунајтед. На голот го имаше одличниот голман Боно, а во големото финале ќе го очекува подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Интер и Шахтјор Доњецк.

Манчестер Јунајтед поведе со голот од пенал што го постигна Бруно Фернандеш во деветтата минута од мечот. Сепак, Сусо успеа да израмни во 26.минута.

Антони Марсијал имаше две одлични шанси во вториот дел да донесе нова предност за „црвените ѓаволи“, но не ги реализираше, а потоа дојде казната. Лук де Јонг во 78.минута се најде на вистинското место по центаршутот на Хесус Навас и успеа да погоди со оглед дека имаше многу гледачи во одбраната на Јунајтед.

Интер и Шахтјор Доњецк утревечер ќе го одлучат вториот патник во полуфиналето на Лигата на Европа.

Се вчитува...