Хрватот Иван Ракитиќ повторно се враќа во Севилја каде настапуваше во периодот од 2011 до 2014 година. Откако новиот тренер на Барселона, Роналд Куман го избриша од списокот фудбалери за следната сезона, Ракитиќ веднаш се одлучи за прифаќање на понудата на Севилја.
Каталонскиот тим е во завршни преговори со Севилја околу реализација на трансферот. Остануваат да се договорат деталите, па веќе денеска се очекува Ракитиќ да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор со својот поранешен клуб од кој замина во 2014 година во Барселона.
За Севилја доаѓањето на Хрватот ќе биде трето засилување во овој преоден рок по ангажманот на Сусо и Оскар Родригез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА