Севилја го сака Ракитиќ само ако дојде без отштета

Шпанскиот прволигаш Севилја нема намера да плати отштета за хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ. Клубот води преговори за враќање на одличниот фудбалер за врска, но со напомена за неговите агенти дека во овој кризен период не е подготвен да одвои финансии за отштета која би требало да и припадне на Барселона.

Ракитиќ има договор со каталонскиот клуб до јуни 2021 година, но сака да замине по завршувањето на сезоната затоа што смета дека не го добива посакуваниот третман од тренерот Кике Сетиен. Прва опција за него е враќање во Севилја каде се уште е идол на навивачите, но, сепак, преговорите запнаа околу отштетата.

За Ракитиќ има интерес и од италијанските калчолигаши Интер и Јувентус, но тој поради семејството преферира да остане во Шпанија.

Се вчитува...