Севилја и Атлетико Мадрид ремизираа, најзадоволна е Барселона

Севилја и Атлетико Мадрид ремизираа (1-1) на „Санчез Пижуан“, а овој резултат најмногу и одговара на Барселона која може да се одлепи бодовно уште повеќе на врвот на табелата во Ла Лига. Тимот на Диего Симеоне го задржа второто место со 35 бода, два помалку од Барселона, која вечерва ќе игра против Хетафе на гости. Севилја остана на третата позиција со 33 бода.

Висам Бен Једер го доведе домашниот тим во водство во 36.минута. Атлетико Мадрид стигна до бод со прекрасниот погодок на Антоан Гризман од слободен удар во 45.минута од дуелот.

Се вчитува...