Севилја ја доби драмата против Гранада со два гола во судиското продолжение (ВИДЕО)

Фудбалерите на Севилја успеаја да се доближат до Реал Мадрид на врвот во Ла Лига, откако во првиот натпревар од 31. коло во драматичен финиш славеа против Гранада со 4-2.

Два погодоци од четирите гола на Севилја беа во судиското продолжение од натпреварот.

Најпрво во 88. минута Гранада ги шокираше домашните со голот на Диаз за израмнување на 2-2. Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, следеше голот на Мир на асистенција на Рикитиќ во 93. минута за конечна победа од 3-2.

Конечната победа од 4-2 ја запиша Папу Гомез во десеттата минута од судиското продолжение.

Со овој триумф Севилја е на девет бода од водечкиот Реал Мадрид, кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...