Севилја не ги остава Реал и Барса мирно да спијат: Ја продолжува трката за титула!

Севилја и натаму ја продолжува израмнетата трка за шампионската титула со Барселона и со Реал Мадрид во шпанската Примера, откако во 24. коло славеше со пресврт на гостински терен против Реал Бетис со 1-2 (1-0).

Домашните дојдоа до предност со голот на Дурмиши во 36. минута. Но, во вториот дел Севилја за 20 минути стигна до пресвртот. Најпрво израмни Мерчадо во 56. минута, а победата ја донесе Ибора со голот во 76. минута.

Vicente Iborra Goal HD – Real Betis 1-2 Sevilla… by replayplanettv

По овој триумф, Севилја сега со 52 бода се израмни на врвот со Реал Мадрид, но има и два натпревари повеќе од „кралевите“. Барселона, пак, е на третата позиција со 51 бод, но и натпревар помалку од Севилја.

Се вчитува...