Севилја подобра од Бетис на рестартот на Ла Лига

Севилја го совлада градскиот ривал Бетис со 2-0 на празниот „Санчез Писхуан“, на враќањето на Ла Лига по пандемијата на коронавирусот. По три месеци, шпанскиот фудбал повторно оживеа, а фудбалерите на Севилја славеа заслужен триумф против Бетис.

На стартот на вториот дел беше досуден пенал за Севилја, и тоа по воздушен дуел меѓу Бартра и Де Јонг.

Лукас Окампос во 56.минута од белата точка донесе водство за Севилја во градското дерби, а само шест минути подоцна во листата на стрелците се запиша и Фернандо. По овој триумф, Севилја има 50 бода и се наоѓа на третото место, веднаш зад Барселона (58) и зад Реал Мадрид (56). Бетис со 33 бода е 12.место на табелата во Ла Лига.

Се вчитува...