Севилја со една нога во четвртфиналето од Купот на Шпанија

Севилја е со една нога веќе во четвртфиналето од Купот на Шпанија откако во првата осминафинална пресметка славеше со 1-3 на гостувањето против Атлетик Билбао.

Гостите поведоа уште во 6. минута со голот на Нолито, домашните израмнија преку Сан Хозе во 49. минута, но само по четири минути Андре Силва повторно ја врати предноста за Севилја.

Конечниот резултат го постави Бен Једер во 77. минута од натпреварот, доведувајќи го својот тим на само чекор од пласман меѓу осумте најдобри во Купот на кралот. Реваншот се игра на 16. јануари.

Се вчитува...