Екипата на Севилја лесно се прави со Алмерија, и победи со 5-1. Екипата од Андалузија брзо постигна два гола, до полувремето стигна до трет, а во вториот дел уште два за убедлива победа на крајот.
Ен Несири во 7. минута го „отвори“ противникот, а само минута подоцна стрелаше и Лукебакио. Целосниот „потоп“ на гостинот почна во 38. минута кога Сусо донесе и 3-0.
На почетокот на вториот дел во листата на стрелците се запиша и Ламела кој даде гол во 51. минута. Алмерија успеа да намали преку Суарез од пенал во 71. минута, за Салас во втората минута од судиското надополнување ги постави конечните 5-1.
Со овој пораз Алмерија е „закована“ за дното со само два бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА