Севилја во 91. минута само до бод против Леганес… (ВИДЕО)

Севилја во 91. минута извлекуваше само бод на гостувањето против Леганес во 17. коло од Ла Лига.

Гостите ремизираа 1-1 благодарение на погодокот на Бен Једер во 91. минута…

Претходно, уште во 5. минута Весга донесе предност за домашните која ја одржуваа до самиот крај, но не успеаја да ја зачуваат.

Севилја со 32 бода по 17 кола е на третата позиција, пет помалку од водечката Барселона.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...