Севилја во финишот до бод против Валјадолид (ВИДЕО)

Севилја и Реал Валјадолид одиграа без победник 1-1, како увертира на 32. коло во шпанската Ла лига. Домаќините може да бидат задоволни од овој бод бидејќи до финишот на натпреварот беа во позиција да загубат. Валјадолид поведе во 25. минута со голот на Кико, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Ел Хадади во 55. минута успеа да ја затресе мрежата на гостите, но по реакција на ВАР голот поради офсајд беше поништен. Сепак, до израмнување домаќините успеаја да стигнат во 83. минута во која Окампос беше сигурен од пенал.

Севлија останува четвртта на табелата во Ла лига со 54 бода и се уште го чува последното место кое следната сезона води во Лигата на шампионите. Од друга страна Валјадолид е 14. со 35 бода и далеку од зоната на испаѓање.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...