Севилја во последните секунди дојде до победа, Хетафе поразен на домашен терен (ВИДЕО)

Хетафе и Севилја го одиграа вториот меч од второто коло во Ла Лига, а овој двобој во последните секунди од мечот припадна во корист на гостите, кои успеаја да победат со вкупен резултат од 0-1.

Како што се и очекуваше, натпреварот беше тврд, па во првото полуверме и на двете страни се понудија тактички надмудрувања и проигрувања кои најчесто завршија на средината од теренот, а на пауза се замина со почетниот резултат (0-0).

Ниту во второто полуверме овој дуел не понуди сериозни шанси, Севилја се обидуваше да ја контролира топката и да воспостави офанзива, но ретко се случуваа конкретни акции кон голот на Хетафе.

Сепак, тогаш кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, буквално во последните секунди од мечот, на сцена стапи Ерик Ламела, кој успеа да биде прецизен во 93-та минута, а со овој гол им донесе и три бода на своите соиграчи.

Со оваа победа Севилја се наоѓа на првата позиција во Примера, додека Хетафе останува без ниту еден освоен бод сместен во црвената зона.

 

 

Се вчитува...