Севилја за едно полувреме ја реши Валенсија (ВИДЕО)

Севилја славеше со 3-1 против Валенсија во натпревар од 6. коло во шпанската Ла лига. Домаќините стигнаа до брзо водство од 2-0 со голот на Папу Гомез во 3. минута и автоголот на Лато во 15.

Веќе во 22. минута беше 3-0, откако прецизно стрелаше Мир. Конечните 3-1 ги постави Дуро во 31. минута.

Во вториот меч од програмата во 19.30 Еспањол го совлада Депортиво Алавес со 1-0.

 

 

 

Се вчитува...