Сезоната на Елмас во Наполи оценета со „просечна 6“

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас ја имаше најдобрата сезона по доаѓањето во Наполи откако беше дел од 46 натпревари на тимот.

Во овие 46 меча, македонскиот интернационалец успеа да постигне седум гола и да запише пет асистенции, но и тоа не беше потребно за ништо повеќе од севкупна просечна оцена „6“.

Ова е најмногу поради тоа што тимот од Неапол повторно остана без трофеј, па севкупната оцена на сите фудбалери не е висока. Најдобро оценети се Џовани ди Лоренцо (8,5), Марио Руи (7,5) и Виктор Осимен (7).

 

Се вчитува...