Сезоната во Првата лига почнува в сабота, со дерби во Тетово и со дуел во Ѓорче Петров

Уште три дена остануваат до официјалниот почеток на новата сезона во фудбалската Прва лига. Стартот е закажан за в сабота, кога ќе се одиграат два натпревари. Огромно внимание веднаш ќе предизвика големото дерби меѓу Шкендија и Вардар кое ќе се одигра на Градскиот стадион во Тетово, со почеток во 17 часот. Во истиот термин, на стадионот во Ѓорче Петров, ќе се одигра натпреварот меѓу Работнички и Ренова.

В недела се на програмата останати три натпревари од првото коло: Победа – Пелистер, Шкупи – Академија Пандев и Силекс – Скопје.

Се вчитува...