Четирите НФЛ натпревари кои требаше да се играат во Европа и едната во Мексико во склоп на новата сезона се откажани. Првиот човек на лигата Роџер Гудел по разговорот со клубовите одлучи сите натпревари следната сезона да се играат во Соединетите Американски Држави.
НФЛ во план имаше четири натпревари да се играат во Европа и една во Мексико. На два меча домаќин требаше да биде легендарниот „Вембли“, додека останатите два требаше да се играат во новиот дом на Тотенхем.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан изјави дека е разочаран од одлуката бидејќи во Велика Британија има многу НФЛ фанови, но сепак ова е логична разврска поради пандемијата од коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА