Шабан Трстена додели пет „Златни олимписки оскари“ (ФОТО)

Златниот олимпиец од ОИ 1984 во Лос Анџелес, Шабан Трстена, ги додели првите „Златни олимписки оскари“, наградата која ја востановува од оваа година, а ќе се доделува на врвни спортисти и на поединци и институции заслужни за неговиот спортски успех.

Првите пет “Олимписки оскари“ ги добија: претседателот на МОК, Васил Тупурковски, Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт, поранешнит селектор на боречката репрезентација, Насе Насев, Милош Вучидолов – доктор на репрезентацијата и Хајруш Синани како негов тренер.

Она што ме поттикна да наградувам со „Златен олимписки оскар“ е фактот дека до титулата олимписки шампион успеав да стигна на достоинствен начин, со храброст и самодоверба. Така го остварив сонот што си го поставив како цел, да стигнам до врвот на спортските остварувања. Дваесет години сум ценет спортист, со многу награди признанија и медали од цел свет. Задоволство е кога се чувствуваш почитуван од вистинските луѓе, посебно од луѓето во мојот роден град и од цела Македонија. Како спортист на 20 век, преку доделувањето на овие „Златни олимписки оскари“, изразувам благодарност на луѓето кои беа со мене и воедно, изразувам голема почит за секој што дал придонес и знаел да го цени и да го вреднува мојот успех и вредностите на спортот во целина, посебно на олимписките вредности“ – истакна Шабан Трстена.

saban trstena (13)

saban trstena (8)

saban trstena (12)

saban trstena (11)

saban trstena (6)

saban trstena (1)

Се вчитува...