„Шах-мат“ на Кореа за нова победа на Интер (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Италија, Интер стигна и до седмата победа во Серија А откако во 11. коло славеше на домашен терен со 2-0 над Удинезе. Новите три бода за „нероаѕурите“ ги донесе Жоакин Кореа кој со два гола во осум минути го „реши“ противникот.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Кореа со „слалом“ донесе преднсот за својот тим во 60. минута, а Аргентинецот потоа одлично се најде во 68. минута во која за ударот во шестнаесетникот Силвестри немаше одбрана. Гостите успеаја да ја затреаст мрежата во 82. минута, но голот на Делофеу беше поништен поради офсајд.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го пропушти мечот поради повреда.

Се вчитува...