Шахистите на Алкалоид со победа стартуваа во одбрана на европската круна!

Шахистите на Алкалоид со победа го стартуваа настапот на Европскиот куп на шампионите во Анталија, Турција.

Алкалоид ја брани европската шампионска круна од минатата година на Купот кој оваа година се одржува во Анталија. Во 1. коло, „фармацевтите“, кои се второрангирани според рејтинг на турнирот, славеа со 4,5:1,5 против италијанскиот тим Аугуста Перусиа.

На првата табла кинескиот велемајстор Лирен Динг (2772) ремизираше со интермајсторот Лодичи (2407), на последната шестта табла единствениот пораз го доживеа Филип Панчевски (2489) од Сересин (2195), а победи забележаа Дмитриј Андрејкин (2705) на втората табла, Јангжи Ју (2743) на третата, Дмитриј Јаковенко (2710) на четвртата и Јури Криворучко (2692) на петтата табла.

Вториот македонски клуб на Купот, Гамбит убедливо со 6-0 го победи исландскиот Викинг. Победи на сите шест табли запишаа бугарскиот велемајстор Петар Арнаудов (2441), нашите Никола Николовски (2420), Дамчевски (2367), ИМ Марјан Митков (2332) и Дејан Динев (2271) како и црногорскиот интермајстор Подлесник (2372).

Победа во првото коло запиша и најдоброрангираниот тим на Купот и најголем конкурент на нашиот Алкалоид за титулата, Глобус кој со 6-0 го победи исландскиот Фјорнур.

Се вчитува...