Шахистите поразени од Молдавија, девојките загубија од Унгарија

Машката шаховска репрезентација загуби од Молдавија во 2. коло на Олимпијадата во Батуми, Грузија.

По триумфот од 4-0 над Брунеи на стартот, македонските шахисти загубија од Молдавија со 1,5-2,5. ВМ Кирил Георгиев ја запиша единствената победа на првата табла против ВМ Бологан, на четвртата табла ремизираше ВМ Трајко Недев, а загубија на втората и третата табла ВМ Владимир Георгиев и ИМ Филип Панчевски.

Во второто коло нови победи запишаа главните фаворити за највисок пласман, Русија, Израел, Франција, Полска, Холандија…

Женската репрезентација, исто така загуби со 1,5-2,5 од фавозираната Унгарија. По триумфот над Свазиленд од 4-0, нашите девојки сега беа немоќни против Унгарките. Триумфираше единствено Стојковска на втората табла, ремизираше искусната Габриела Коскоска а загубија Бејатовиќ и Петровска.

Се вчитува...