Шахтар Караганди пред пласман во финалето на Купот, Атанаскоски стрелаше против Амановиќ

Екипата на Шахтар Караганди е пред пласман во финалето на Купот на Казахстан, откако денеска триумфираше со 5:2 над Тобол во првиот меч од полуфиналето. Вториот гол за домашната екипа го постигна македонскиот интернационалец Давид Атанаскоски кој зголеми на 2:0 во тие мигови.

Тобол се врати на 2:1, а потоа и на 3:2, но во финишот уште два гола на Шахтар за конечни 5:2.

За гостинскиот тим играше екс македонскиот младински репрезентативец Алекса Амановиќ, кој што пред неколку дена ја прослави титулата во првенството на Казахстан. Реваншот е на 22. ноември.

Се вчитува...